Драматичен пресврт! Се знае кој пукал на американскиот колеџ: Неисправен бојлер за топла вода испуштал звук за кој мислеле дека е пукање

Точка

09/11/2018

19:02

1.734

Големина на фонт

а а а

Во колеџот Топсејл во Хемпстед, град во американската сојузна држава Северна Каролина, утрово било пријавено пукање, а на социјалните мрежи се ширела веста дека вооружен напаѓач се качил на кровот на училиштето и од таму пукал.

Се воспоставило дека пукал неисправен бојлер за греење на вода, за што јавноста ја известил шефот на итната служба во округот Пендер, Том Колинс. 

Претходно полицискиот капетан Џејмс Ровел изјавил дека нема извештај за ранети. Учениците биле итно евакуирани со автобуси во супермаркет во близина на колеџот, а родителите биле повикани да ги соберат.

Повикот за помош полицијата го примила во околу 6:30 часот наутро по локално време. Веднаш кон колеџот биле испратени полициски сили. Затворени биле колеџот, средно училиште и основното училиште Топсејл. Блокирани биле сите излези од автопатот 17.

Корисникот на Твитер, Марлон Вимс, јавил дека била евакуирано и средното училиште "Сурф Сити" во близина и дека полицијата ја вратила неговата сопруга, која возела натаму со нивниот син.

Полицијата извршила рација во овој колеџ во мај, кога еден студент внесол голем ловечки нож. Следниот ден, друг студент донел полуавтоматска пушка во колеџот, за "да го спречи можниот напаѓач".



Спонзорирани линкови

Маркетинг