Обид за атентат на Тереза Меј и Шарл Мишел? Автомобил удрил во колоната во која се возеле премиерите на Британија и Белгија! Двајца полицајци повредени

Точка

09/11/2018

18:36

2.067

Големина на фонт

а а а

Автомобилот влетал во колоната возила кај белгискиот град Монс, во која биле премиерите на Велика Британија и Белгија, Тереза Меј и Шарл Мишел, а двајца полицајци притоа биле повредени.

Меј и Мишел биле на пат кон воените гробишта "Сен Симфоријен", каде се одржувала свеченост поврзана со годишнината од Првата светска војна, кои се наоѓаат во близина на Монс, во близина на француската граница, кога во нивната колона се забил непознат автомобил. 

Конвојот во кој биле премиерите сопрел и некој време стоел, а потоа продолжил до гробиштата. Повредените полицајци биле пренесени во болница.

Други детали од овој инцидент, како на пример дали навистина станува збор за атентат, не се објавени, како ни идентитетот на возачот кој со автомобил влетал во колоната на државниците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг