Се продава фотографија на која Хитлер прегрнува еврејско девојче: Биле пријатели и заедно го прославиле својот роденден

Точка

09/11/2018

18:13

5.915

Големина на фонт

а а а

Две ретки реликвии од Втората светска војна ќе се најдат на аукција во Чисапејк Сити, во Мариленд на 13-ти ноември.

Аукциската куќа "Alexander Historical Auctions" ќе ја понуди фотографијата од Адолф Хитлер со младото германско девојче по име Роза Бернил Ниенау, кое му било многу драго. 


Фотографијата настанала во Бергхоф, каде Адолф го запознал девојчето, родено на истиот ден како и тој. Во 1939 година, тие заедно го прославиле роденденот, а оттогаш почнало нивното пријателство.

"Интересна работа врзана за оваа фотографија е тоа што Роза по германските стандарди била Еврејка. Она што е посебно интересно е тоа што Хитлер останал во добри односи со девојчето и откако дознал дека таа е Еврејка", изјавил Бил Панагопулос од аукциската куќа.

Тој додал дека ова е единствениот документ кој дава поглед кон другата "човечка" страна на Хитлер која е чиста спротивност на сето она во кое се верува дека тој бил.


Фотографијата од Роза и Хитлер има почетна цена од 8 илјади долари.

Уште една ретка реликвија од Втората светска војна е книгата која Мао Це Тунг ја напишал за член на француското кралско семејство кој бегал од Пекинг по јапонската окупација.

"Нешто што Мао напишал додека се борел против националистите и барал од сојузниците да работат заедно во борбата против италијанските, германските и јапонските фашисти. Никогаш не сум видел нешто слично, кога ми ја покажаа книгата паднав од столчето", додал Панагопулос.

Цената на книгата на аукцијата ќе изнесува 150 илјади долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг