ИСИС преземала одговорност за терористичкиот напад во Мелбурн: Нивниот борец бодел луѓе со нож на улица

Точка

09/11/2018

17:48

2.475

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот кој ги нападнал со нож на улица бил застрелан од полицијата и бил примен во болница во критична состојба.

Екстремистичката организација Исламска држава, соопштила дека еден од нејзините борци го извел денес нападот со нож во Мелбурн, во кој настрадало едно лице, а две биле повредени, соопштила новинската агенција на таа група, "Амак". 

Исламската држава не пружила докази за изнесените тврдења, пренесува "Reuters". Во центарот на австралискиот град Мелбурн три лица денес биле избодени, од кои едно лице загинало.

Напаѓачот кој ги нападнал со нож на улица, полицијата го застрелала и бил примен во болница во критична состојба.

Австралиските медиуми јавуваат дека другата жртва има повреда на главата, а состојбата на третата повредена личност не е позната.

Хаосот започнал во попладневните часови по локално време, кога полицијата била повикана поради возило кое горело на улицата Бурк.

На видео снимките кои се појавиле на интернет се гледа како мажот и се заканува на полицијата во раката држејќи нешто налик на нож, а еден од минувачите се обидува да го сопре.



Спонзорирани линкови

Маркетинг