Овој ТВ водител ќе работи 24 часа дневно, цела година и без годишен одмор...

Точка

09/11/2018

17:46

5.260

Големина на фонт

а а а

Зошто да плаќате вистински водител, кога вестите ќе може да ги води виртуелен водител со вештачка интелигенција кој ќе може да работи по цели денови, без пауза, со години и години.

Кинеската новинска агенција “Xinhua” го претстави својот прв робот кој на гледачите ќе им чита вести. Во соработка со “Soguo”, развиен е првиот “AI” телевизиски водител на светот, а направени се две верзии, еден за кинескиот пазар и еден кој што зборува на англиски јазик, при што, базирани се на вистински лица.

Благодарение на напредната технологија, се што треба да се направи е да се вметне текстот во компјутер и софтверот ќе започне да го изговара текстот, при што движењата на лицето и устата ќе го следат изговорениот текст, па искуството ќе наликува речиси како и да гледаме реален телевизиски водител.

Сепак, експертите иако имаат пофални зборови за ваквиот обид на кинеската новинска агенција, тие тврдат дека доколку подолго време го гледаме водителот, сето тоа ќе стане премногу досадно.

Професорот по роботика и вештачка интелигенција на Шефилд, Ноел Шарки, вели дека ова е сепак добар прв обид кој што со текот на времето сигурно ќе се подобрува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг