Пет алармантни состојби поради кои мора да посетите дерматолог

Точка

09/11/2018

11:57

2.996

Големина на фонт

а а а

Често имаме проблеми со кожата, но на тоа не му придаваме многу значење, туку само чекаме да ни помине. Некогаш треба да се обратиме на дерматолог, бидејќи проблемите со кожата можат да кријат многу други посериозни состојби.

Ви носиме пет причини поради кои треба да се обратите на дерматолог.


Долготраен осип

Ако на било кој дел од кожата имате осип кој ве чеша и трае повеќе од седум дена, задолжително побарајте совет од дрематолог.

Црвени исушени печати

Црвените печати кои се појавуваат на лицето и вратот можат да бидат поврзани со стрес, одредена алергиска реакција. Без оглед на причината, посетете дерматолог, особено ако печатите се шират.


Преосетлива кожа

Ако имате проблем да го пронајдете вистинскиот производ за нега на својата кожа, тогаш задолжително посетете дерматолог, кој ќе ви го препорача вистинскиот производ.

Имате многу акни

Ако отсекогаш сте имале чиста кожа, а одеднаш забележувате дека имате многу акни, веднаш посетете дерматолог. Акните како пореметување во работата на лојните жлезди, не се само естетски, туку и здравствен проблем.


Губите многу коса

Необјасниво, изненадно и изразено опаѓање на косата може да биде загрижувачко. Ако не сте под стрес или не сте промениле ништо во својата рутина за нега на косата, а сепак ја губите, не чекајте да се влоши ситуацијата. Ако се сомневате дека нешто не е во ред, посетете дерматолог кој ќе ве прегледа и ќе ви каже во што е проблемот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг