Овој човек го преживеа масовното убиство во Лас Вегас минатата година, а синоќа и во Калифорнија

Точка

09/11/2018

10:01

1.872

Големина на фонт

а а а

Маж кој го преживеа пукањето минатата година во Лас Вегас преживеа уште едно пукање во бар во Таузанд Оукс во САД, каде загинаа 12 лица. Станува збор за поранешен маринец, Брендан Кели кој за ABC News изјави дека е шокиран тоа што сè уште е жив.

Редовен гостин во барот каде дојде до пукање 

"Можам само да му се заблагодарам на Бога. Неговите заштитнички раце ме заштитија во ноќта на 1 октомври, но и синоќа", порача Брендан.

Брендан Кели е редовен гостин во ресторанот Бордерлајн Бар и Грил, каде во средата навечер беа убиени 12 лица.


"Со оглед на тоа дека бев во војска, во маринците, веднаш препознав за што станува збор, особено кога е во затворен простор", заклучи тој.

И напаѓачот бил воен ветеран

Нападот го изврши Јан Дејвид Лонг, кој исто така бил дел од маринците, а наводно искористил легално купен пиштол калибар 45.

Кели рекол дека откако сфатил дека станува збор за пукање, повлекол неколку луѓе на подот, барајќи засолниште. Успеал некои од нив да ги одведе до задниот излез.


"Само што сфатив од каде пука напаѓачот, ги грабнав двете лица кои беа покрај мене и ги повлеков кон најблискиот излез", рекол Брендан.

Нападот во барот кој го преживеал и во Лас Вегас

"Сакав да помогнам најдобро што можам", кажал и за тоа дека му е тешко да сфати дека преживеал два напади во 13 месеци.

"Тоа беше наше место во кое влеговме една недела после пукањето во Вегас. Бевме таму три ноќи по ред, само за да си бидеме поддршка еден на друг", рекол Брендан и додаде дека ова ново пукање било многу болно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг