Најголемата мистерија во Ирак: Никој не знае каде е сопругата на Садам Хусеин - била сурова и криела морничава тајна!

Точка

09/11/2018

17:24

4.812

Големина на фонт

а а а

Малку се знае за првиот брак на Садам Хусеин и Саџида Талфах – нивниот брак бил договорен од страна на нивните родители кога тие имале само 10 години.

Договорените бракови во муслиманските земји се дел од обичаите кои што се почитуваат и ден денес. Саџида била ќерка на вујко на Садам, па иако тие биле роднини, тоа не ги спречило нивните родители да се „договорат“. Садам и Саџида се венчале во 1963-та година и добиле пет деца.

Саџида била наставничка пред да се омажи за Садам, а после венчавката со својот братучед, таа веднаш добила нова позиција во ирачкото општество – била сопруга на висок владин функционер. Саџида Талфах носела облека на познатите европски дизајнери и поседувала скапоцен накит.

Една жена која што лично ја познавала Саџида, открива дека поранешната сопруга на Садам Хусеин била опседната со тоа да има бел тен, па секогаш ставала големи количини на пудра. Трговците се плашеле од неа затоа што иако располагала со големо богатство, секогаш кога пазарувала одбивала да плати.

Таа и нејзиниот сопруг биле многу насилни, а жена која што работела како послуга ја опиишува Саџида како „сурова жена која што ги злоставувала вработените“.

Иако во јавноста бракот на Саџида и Садам изгледал совршено, сепак сите знаеле дека Садам има бројни љубовници. Тој се вљубил во една од нив, па иако бил венчан со Саџида, тој сепак тајно се венчал со Самира Сахбандар. Тие долги години се криеле, но некаде кон 80-тите години започнале да се појавуваат во јавноста и тоа многу ѝ пречело на Саџида.

Аднан Каирлах, брат на Саџида и всушност братучед на Садам, често во јавноста го критикувал Садам поради односот кон неговата сестра, па набрзо бил замолчен. Тој загинал во многу необичен пад на хеликоптер, а една година подоцна, еден од телохранителите на Садам признал дека во хеликоптерот поставил експлозив.

Многу членови на семејството Хусеин биле присилени да побегнат од Ирак во текот на Заливскакта војна, а се вратиле по крајот на војната. Саџида во 2003-та година требало да се откаже од својот луксузен живот – непосредно пред бомбардирањето на Багдад таа го напуштила градот, а и ден денес не се знае каде се наоѓа и дали е жива.

Наводно таа со своите две ќерки побарала азил во Велика Британија, но барањата не им биле одобрени, по што им се губи трагата.

Саџида Талфах уживала во големото богатство и луксузот на сметка на милиони Ирачани кои што живееле во сиромаштија, а дури и таа да не била вклучена во тиранијата која што ја спроведувал Садам Хусеин, секое нејзино патување во Париз, секој скапоцен накит и облека бил платен со крвта на ирачкиот народ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг