Погледнете ја досега невидената снимка од настап на Ејми Вајнхаус

Точка

08/11/2018

21:27

4.285

Големина на фонт

а а а

Британската пејачка Ејми Вајнхаус одржала приватен мини концерт за своите најблиски, кој досега не сме имале прилика да го видиме.

„Back to Black“, е новиот документарец кој открива детали за создавањето на истоимениот албум од 2006-та година, објавен на 2-ри ноември, а во него можеме да дознаеме релативно непознати детали од животот на починатата ѕвезда Ејми Вајнхаус.

Освен ретките интервјуа, во филмот е прикажан и видео запис настанат во текот на настапот на Ејми, во лондонското студио Риверсајд, во февруари 2008-ма година. Станува збор за приватен настап, како што е наречена и снимката - „Интимна вечер во Лондон“.

Имено, Ејми мини концертот го одржала во студиото Риверсајд, во западен Лондон, на 10-ти февруари, истата вечер кога освоила пет Греми награди: нејзиниот сингл „Rehab“ е избран за: песна на годината, спот на годината, најдобра женска поп изведба, а таа е избрана за најдобар изведувач и исто така нејзиниот албум „Back to Black“ е избран за најдобар вокален поп албум.

Тогаш 24-годишната Ејми била пријавена во клиниката за рехабилитација, за да се избори со пеколната зависност од дрога, поради што не добила виза за САД и не можела да дојде во Лос Анџелес на доделувањето на Греми наградите.

Иако американските организатори подоцна ја повлекле одлуката, музичарката немала време да се подготви за пат.

Наместо тоа, таа излегла на сцена и одржала коцерт за своето семејство и пријателите, а наградите ги примила преку видео повик. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг