Актерот одбива да ја види штотуку родената ќерка, барал тест за татковство

Точка

08/11/2018

21:08

3.031

Големина на фонт

а а а

Овен (49) ја добил ќеркичката Лили, од врската со девојката Варуни Вонсвиратс. Со неа Овен бил во врска пет 5 години, со прекини, а иако беебто се родило минатиот месец, славниот татко сè уште не ја видел.

Холивудскиот актер Овен Вилсон наводно не сака да ја види својата штотуку родена ќерка. Медиумите наведуваат дека барал ДНК анализа, за потврда дека тој е таткото на девојчето Лили, која е родена пред три недели.


„The Sun“ наведува дека глумецот дури одбил да го подели старателството со нејзината мајка. Инаку, иако не останал во врска со ниту една од мајките на своите два сина, Овен ги превземал татковските должности и со задоволство поминува време со децата. Но, сепак, според гласините во медиумите, Овен нема таква намери со Лили.


„Ова е приватна работа и не сакам да коментирам“, рекол претставник на актерот за медиумите и новинарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг