Во фабриките на БМВ започна производството на нешто совршено...

Точка

08/11/2018

18:14

3.148

Големина на фонт

а а а

Баварски БМВ после стартот на производството на купе моделот на „Серија 8“, го започна производството и на можеби и најубавиот модел досега на компанијата – кабриолет верзијата на „осмицата“.

“BMW Series 8 Convertible” се произведува во фабриката Динголфинг каде што се произведуваат и моделите „Серија 5“ и „Серија 7“.

Инаку, во големата фабрика на БМВ во Германија, секојдневно се произведуваат околу 1,600 автомобили од Сериите 3,4,5,6,7 и 8. Во Динголфинг се склопува и купе верзијата на „Серија 8“, која што исто како и кабриолетот, се изработува во две моделски опции и тоа 840d xDrive и M850i xDrive.


Дизелашот 840d xDrive го користи 6-цилиндарскиот 3.0 твин-турбо мотор со 320 коњски сили (235 kW) и 680 Nm максимален обртен момент, а силата се пренесува на сите четири тркала преку осумстепениот автоматски менувач. Моделот 850i xDrive под хаубата има 4,4-литарски твин-турбо V8 мотор со дури 530 коњски сили (390 kW) и 750 Nm максимален обртен момент.


Динголфинг е една од 30-те фабрики на БМВ ширум светот, а во 2017-та година во погоните на оваа фабрика биле произведени над 376 илјади автомобили. Моментално вработени се над 18 илјади луѓе, а освен автомобилите на БМВ, во фабриката се произведуваат и авто-делови, како и каросериите за моделите на Ролс-Ројс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг