Американската "тврдина која плови" не може да одговори на напад: Носачот на авиони "Џералд Р. Форд" има сериозен недостиг поради кој Трамп побеснел! Чини 13 милијарди долари

Точка

08/11/2018

18:09

4.809

Големина на фонт

а а а

Новите американски носачи на авиони биле замислени како владетели на светските океани, посебно во спротивставувањето на растечката поморска флота на Кина, но "УСС Џералд Форд" повторно се бори со тежок недостаток.

Имено, сите лифтови кои пренесуваат оружје до авионите се во дефект. Бродот кој чинел 13 милијарди долари е најголем носач на авиони на светот и прв брод од новата класа, кој долгорочно требало да ги замени носачите на авиони од класата "Нимиц". 

Пред една година бродот бил ставен во служба, а сега се воспоставува дека носачот на авиони практично е беспомошен и дека расипаните лифтови во итни случаи би го парализирале носачот на авиони, како и авионите и целиот екипаж, известува "Bloomberg".

Вкупно 11 лифтови за бомби и проектили од скадиштето до палубата треба да носат муниција. Меѓутоа, некои од тие лифтови уште не се инсталирани, а оние кои се на бродот е работат. Со оглед на тоа дека војниците опасното и тешко оружје не можат да го носат по скали, борбената на моќ на носачот на авиони во итни случаи би била под знак прашање.

Како што пренесува "Bloomberg" , експертите се прашуваат како ова воопшто можело да се случи? Лифтовите за муницијата не се ништо посебно и добро и се познати на американската морнарица. Причината е едноставна, некои технологии на оваа класа носач на авиони не се предвидени да бидат конечно решение и требало да бидат замена во фазата на развој за новата класа. За американската морнарица цел е да се подобрат катапултите за авиони, фаќачите и лифтовите.

Во сите три случаи целта е да се зголеми капацитетот, а истовремено и издржливоста и да се намалат оперативните трошоци. На брод како овој не е пресудна само откупната цена, туку и оперативните трошоци во текот на целиот животен век на бродот, кои се далеку повисоки од самата цена на носачот.

Досега морнарицата користела само конвенционални лифтови, кои товарот го кревале со челични кабли. Класичната техника се користи на повеќето лифтови, но е проверена техника во која товарот се крева со запчаници со ланци. Американската морнарица се потпирала на револуционерен систем кој наводно требало да работи без големи трошоци.

Лифтовите на овој брод би требало да се активираат со електромагнетни полиња. Меѓутоа, минатогодишниот извештај за проблемите со новиот катапулт го разбеснил американскиот претседател Доналд Трамп, кој пратил остри закани до доставувачите. Тогаш државниот секретар за морнарицата, Ричард Спенсер, признал дека лифтовите се Ахилова пета на американската морнарица.

Експертите кои работат на новите модели тврдат дека во глобала лифтовите работат добро, но во фазата на испитување дошло до "неконтролирани движења" на лифтовите, што претставува значаен безбедносен ризик за бродот и екипажот.

И покрај недостатоците и фактот дека поради неисправните лифтови најголемиот носач на авиони на светот "USS Gerald R. Ford" не е сигурен за спроведување на борбени мисии, Конгресот на морнарицата и дал дозвола да ги дуплира трошоците.

Американската морнарица и натаму верува дека првиот носач на авиони од класата Форд во јуни 2019. година ќе биде целосно способен за борба, вклучувајќи и целосна оперативност на лифтовите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг