Ивана Захариева, млада и ентузијастична девојка, по професија медицинска сестра, зборува за процесот на слабеење со еден нов и здрав начин на исхрана. Работејќи ја својата професија, Ивана секојдневно им помага на многумина. Дојде моментот кога таа реши да се погрижи повеќе за себе и да направи промена, за подобар живот и подобра верзија на себе. Во прилог, таа ни раскажува за мотивите и почетоците на процесот на нејзината трансформација.
Речиси цел живот се борам со вишокот килограми. Пробував разни диети и понекогаш килограмите се намалуваа, меѓутоа за краток период се враќаше сѐ на старо. Имав обиди и со возење велосипед, но без некој посебен ефект.
Сосема случајно дознав дека постои фирмата Pro-Fit и дека тие ја донеле нутриционистичката програма NuMe кај нас. Ја запознав Ивона која што ми објасни што претставуваат нивните производи. Ми звучеше примамливо бидејќи вклучуваше постојани оброци кои што може лесно да се приремат.
Измачувњето и изгладнувањето кое беше долготрајно и без ефект, ми беше мотивација и инспирација за да почнам. Целта на сето ова беше, како што и кажав на Ивона, да “влезам” повторно во фармерките од средно школо, кои што ги чувам за урнек и потсетување.
Производите на NuMe се поразлични од аспект на тоа што се со избалансирани нутритивни вредности и што не ми прават мачнина во стомакот. Дополнително, знам дека внесувам здрав производ бидејќи има додадени витамини, минерали и колаген, а се без ГМО и без глутен.
Од сам старт беше лесно, бидејќи бев навикната на изгладнување, а со оброците на NuMe сфатив дека веднаш по јадењето сум сита. Бидејќи сум голем обожавател на слатки, торти и колачи, мислев дека ќе ми е тешко да се лишам од овие задоволства. Се изненадив како во ниеден момент не паднав во искушение по слатко. Тоа е така бидејќи асортиманот на NuMe содржи и благи производи како чоколадо и кранчови. Така што, можам да кажам дека не додјов во кризен момент за храна.
Сосема лесно. Асортиманот на NuMe нуди и шејкер во кој можете да си ги приготвувате шејковите. Многу олеснителна околност ми беше тоа што можам да го носам секаде со себе, да си приготвам храна било каде и да ја консумирав во секое време.
Да! За 1 месец намалив 7 килограми и сум пресреќна, не само заради килограмите, туку и поради тоа што не сум гладна и се чувствувам прекрасно.
Да, ќе продолжам. Организамот го навикнав да биде сит толку време колку што е потребно од еден до друг оброк и немам причина да се откажам, напротив, желбата да продолжам ми е секој ден поголема.
Секако дека ја препорачувам! Меѓутоа, морам да напоменам дека физичката активност е задолжителна бидејќи целта на оваа програма е да направиме баланс во секој аспект на нашето секојдневие, не само на храната. За да се чувствуваме добро во своја кожа, мора да живееме избалансиран живот.
На почеток сите околу мене беа скептици, бидејќи храната ми се сведе на т.н “прашоци” , ама се се промени кога имаше видлив ефект. Искрено не сум гладна и не сум нервозна. На работното место ми беше полесно бидејќи не требаше секојдневно да смислувам какво јадење да приготвам.
Некогаш порано си замислував, како би било да се измисли таблета и да си сит цел ден, бидејќи лично за мене готвењето преставува залудно потрошено време. И еве, сега ги имаме производите на NuMe кои навистина ми го олеснија секојдневното функционирање. Моите навики се драстично променети и уште ќе се менуваат на уште подобро.
Веќе еден и пол месец се исхранувам со производите на NuMe и можам да кажам дека овие месец и пол се чувствувам многу среќна и најадена, а така сакам и да остане. :)