Форс Индија за Строл: Си имаме работа со одличен возач

КРУГ.МК

08/11/2018

18:01

423

Големина на фонт

а а а

Тимскиот шеф на Форс Индија, Отмар Шафнауер, верува дека Ленс Строл ќе се докаже како голем ресурс за иднината на тимот.

Преминот на Строл од Вилијамс во екипата која ја купи неговиот татко, Лоренс Строл, сеуште не е потврден, но канаѓанецот на првата трка во Мелбурн ќе биде во болид на Форс Индија.

Многумина ги дебатираат можностите на 20 годишникот откако тој започна во Формула 1 со Вилијамс на почетокот на 2017 година.

Сепак, перформансите на Строл годинава, споредени со Сергеј Сироткин и Фелипе Маса, им обезбедуваат добри податоци на Форс Индија за неговиот потенцијал.

„НЕ ГО ПОЗНАВАМ ДОБРО СЕ УШТЕ, НО ОД СТРАНА, ГЛЕДАМ ДЕКА ВРШИ ДОБРА РАБОТА. ПОКРАЈ ФЕЛИПЕ МАСА ТОЈ ЗАВРШИ 3 ПОЕНИ ЗАД НЕГОИ, А ФЕЛИПЕ СКОРО БЕШЕ СВЕТСКИ ШАМПИОН.

КОГА СЕРГЕЈ СИРОТКИН ЗАПОЧНА ВО ВИЛИЈАМС, СИТЕ МИ РЕКОА ДЕКА Е МНОГУ БРЗ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ, НО ЛЕНС ГО ПОРАЗИ. СПОРЕД СЕТО ОВА, СИ ИМАМЕ РАБОТА СО ОДЛИЧЕН ВОЗАЧ.

ТОЈ Е СЕУШТЕ МНОГУ МЛАД, НО ЌЕ МУ ПОМОГНЕМЕ ДА СЕ РАЗВИЕ. А АКО ИМА НЕШТО ШТО ЗНАЕМЕ КАКО ДА ПРАВИМЕ, ТОА Е ДА ТРЕНИРАМЕ МЛАДИ ВОЗАЧИ КАКО НИКО ХУЛКЕНБЕРГ, ПОЛ ДИ РЕСТА, ЖУЛ БЈАНКИ И ДРУГИ

МОЖЕМЕ ДА ГО ИЗВЛЕЧЕМЕ ПОТЕНЦИЈАЛОТ ОД МЛАДИТЕ ВОЗАЧИ, А ЛЕНС НЕМА ДА БИДЕ ПОИНАКОВ СЛУЧАЈ“, ЗАВРШИ ШАФНАУЕР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг