Се појави видео: Погледнете ја вооружената пресметка во која албанската полиција го ликвидираше Гркот

Точка

08/11/2018

21:33

10.810

Големина на фонт

а а а

Убиството на Гркот Константинос Кацифас привлече големо внимание – младиот Грк беше застрелан во престрелката со албанската полиција на 28-ми октомври во селото Буларат во Албанија.

Албанската телевизија „Репорт ТВ“ објави видео на кое што се гледаат делови од престрелката помеѓу Гркот и албанската полиција. На видеото може да се види Константинос со пушка во рацете, а на моменти може да се види и размена на оган со албанската полиција.

Кацифас пред престрелката развеал грчко знаме на локалните гробишта во Буларат во Албанија за време на прославата на денот кога Грција се вклучила во Втората светска војна.

Од албанската полиција реагирале и се обиделе да го симнат знамето, по што младиот Грк започнал да пука со автоматска пушка кон полицајците. Во размена на огнот албанската полиција го уби Гркот, по што пораснаа тензиите на релација Атина – Тирана.

Инаку, денес околу две илјади Грци се собраа на погребот на Кацифас во селото Буларат. Грците развеале бројни грчки знамиња, а засега не е пријавен ниту еден инцидент, а забележано е зголемено присуство на полицијата.

Грчките власти ги советуваа сите кои што ќе присуствуваат на погребот да му оддадат почит на загинатиот и да изразат сочувство до семејството, како и да се воздржуваат од било какви провокации. Полицијата од грчка страна ги прегледувала приватните возила на луѓето кои што присуствувале на погребот, а албанските медиуи пренесуваат дека грчката полиција им забранила на погребот да присуствуваат на одреден број на луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг