Медицинска сестра претепана на КАРИЛ од роднина на починат пациeнт

Макфакс

08/11/2018

14:14

4.531

Големина на фонт

а а а

Медицинска сестра од Ургентинот центар вработена на КАРИЛ била претепана ноќеска по 2 часот, од роднина на пациент кој починал.

Од ударите таа се здобила со тешки телесни повреди, а добила и закани по живот. Министерот за здравство, Венко Филипче, го осуди инцидентот и побара од МВР полицајци да обезбедуваат дел од клиниките.

Директорката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова, вели дека вакви инциденти често се случуваат. Според неа, роднините на пациентите не смеат правдата да ја земаат во свои раце. Мојсова вели дека никој не може да ја извршува својата работа ако добива закани, а влезната врата на КАРИЛ не е во функција поради насилните упади на дел од роднините на пациентите.

Министерот Оливер Спасовски уште ноќеска по 2 часот, кога се случил инцидентот, бил запознаен со истиот. Попладнево министрите ќе разговараат за мерките што ќе треба да се преземат. Предлогот е да се воведе полициско обезбедување на клиниките за гинекологија, детски болести, заедно со КАРИЛ и Ургентинот центар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг