Комисијата го усвои амандманот за менување на името Република Македонија

Макфакс

08/11/2018

13:43

1.224

Големина на фонт

а а а

Со 10 гласа „за“ и 5 „против“, Комисијата за уставни прашања го усвои текстот на 33. нацрт-амандман.

По ова, претседателот на Комисијата, Талат Џафери, отвори расправа за следниот, односно 34. нацрт-амандман кој се однесува на преамбулата за АСНОМ и внесувањето на охридскиот договор во Уставот.

Усвоениот амандман се однесува на замената на зборот „Република Македонија“ со „Република Северна Македонија“ секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.

Според усвоениот текст, „во Уставот зборовите ‘Република Македонија’ се заменуваат со зборовите ‘Република Северна Македонија’, а зборот ‘Македонија’ се заменува со зборовите ‘Северна Македонија’, освен во член 36“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг