Единствена Македонија: Задоволни од средбата со пратеникот Мукоски

Макфакс

08/11/2018

10:48

1.349

Големина на фонт

а а а

Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори „Македонија- блокира“ синоќа во рамките на народниот собир во Вевчани оствари средба со пратеникот Крсто Мукоски во неговиот дом, соопшти Единствена Македонија.

Оттаму велат дека со Мукоски разговарале во пријатна атмосфера на кафе, со домашна македонска ракија направена лично од домаќинот. На средбата, како што велат, биле разменети мислења за актуелната состојба во државата, во која марионетската власт во Скопје е во очајнички поход по секоја цена да избрише сè што е македонско и зошто пратеникот Муковски не треба да учествува во ова национално злосторство спрема македонскиот народ и македонската држава.

Ја информираме јавноста дека изразуваме задоволство од исходот на средбата. Сè уште ништо не е готово. По средбата со пратеникот Мукоски, сега со големо охрабрување ги очекуваме и наредните средби со останатите уценети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг