Дорис Пак: Неприфатливо е осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да се третираат како криминалци

Макфакс

08/11/2018

10:26

747

Големина на фонт

а а а

Германската политичарка Дорис Пак по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Хелсинки каде се одржува Конгресот на ЕПП, напиша дека Европската народна партија (ЕПП) не смее да го толерира однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ кон осумтемина пратеници кои гласаа за почнување на процесот за промена на Уставот.

„Неприфатливо е осумтемина пратеници од ВМРО кои гласаа за договорот со Грција и за европска иднина на земјата сега да се соочуваат со закани и да се третираат како криминалци. ЕПП не смее да го толерира тоа“, напиша Пак, која е и претседател на асоцијацијата на жени на ЕПП.

Мицкоски вчера се сретна и со еврокомесарот Јоханес Хан, кој на „Твитер“ напиша дека бил кристално јасен дека ратификацијата на договорот од Преспа мора да се финализира без никакви пречки.

„Корисен разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Бев кристално јасен дека ратификацијата на договорот од Преспа мора да се финализира бргу и без никакви пречки. Ја поздравувам неговата посветеност да не го опструира процесот во Собранието. На евроинтеграциите им е потребна лојална опозиција“, напиша еврокомесарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг