Ако доаѓа од Италија, тогаш мора да изгледа прекрасно: Погледнете го „амбициозниот“ концепт на Фиат

Точка

07/11/2018

18:10

4.091

Големина на фонт

а а а

Фиат на Саемот за автомобили во бразилски Сао Паоло го претстави “Fastback”концепт кој што би можел да се најде во сериско производство веќе во 2020-та година.

Иако е јасно дека станува збор за кросовер концепт, линиите на моделот кој што изгледа фантастично, потсетуваат на силуета на купе возило, посебно кога се гледа странично.

Од италијанскиот производител се уште немаат одлучено како ќе се вика серискиот модел, а италијанските медиуми пренесуваат дека можно е новиот модел на Фиат да го добие називот “Toro Fastbak”, назив кој што ниту е потврден, но ниту демантиран од компанијата.


„Овој концепт ќе послужи како дизајнерска инспирација за возилата на Фиат во иднина. Тоа е нашата врата кон светот на SUV возилата“, изјави Херландер Зола, раководител на одделението за маркетинг на Фиат во Бразил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг