После пет децении работа во Холивуд, глумецот конечно почестен со ѕвезда на патеката на славните

Точка

07/11/2018

16:01

2.941

Големина на фонт

а а а

Глумецот Мајкл Даглас е почестен со ѕвезда на Холивудската патека на славните, а овој свечен животен момент го сподели со семејството.

Овој славен американски глумец во вторникот за време на свеченото доделување на наградата после речиси пет децении работа во Холивуд на присутните им се обрати со искрен говор. 


На Даглас му се придружиле најблиските членови на семејството, вклучувајќи ја неговата сопруга Кетрин Зета Џоунс, синот Камерон Даглас и неговиот татко Кирк Даглас.

Џејн Фонда, поранешниот менаџер на Даглас, Рон Маер, Ерик Мекормак и Енди Гарсија исто така беа присутни на церемонијата.


"Ѝ се заблагодарувам на поддршката на мојата сопруга Кетрин, на нејзината љубов и трпение. За седум дена ќе ја прославиме нашата 18 годишнина од бракот, па ова ќе го искористам за да ѝ се заблагодарам за 18 преубави години", рекол Мајкл.


Даглас бил посебно емотивен кога говореше за својот татко Кирк кој на церемонијата седел во инвалидска количка,

"Мојот татко е овде. За еден месец, Кирк ќе има 102 години. Тато, толку многу ми значи што си денес овде. Ти благодарам на советите, инспирациите и горд сум што ми си татко", додаде американскиот глумец.




Спонзорирани линкови

Маркетинг