Ивана и Ману: Ниту ракот не е доволно силен да ги спречи да патуваат

Точка

06/11/2018

11:12

10.119

Големина на фонт

а а а

Ивана од Македонија и Ману од Шпанија или многумина ги познаваат како Around Gaia. Изминатите четири години како пар најдолго го заобиколија светот на мотор. Патуваа низ 69 земји и ги извозија сите континенти, од најјужната точка до најсеверната. Америка од Ушуаја до Алјаска, Африка од Јужна Африка до Египет, Европа од Германија до Турција, Азија –Централна и Југоисточна и Австралија од Дарвин до Мелбурн.

Вкупно 170.000 км постојано патување и надминување на безброј предизвици. Се заљубиле во откривањето на нови места и луѓе и во фотографијата. Патувањето на крај не беше само нивно, со нив патуваа илјадници луѓе од целиот свет преку социјалните мрежи и знаејќи го тоа биле силно мотивирани за успешно да стават крај. Така и овојпат несебично ќе го споделат нивното искуство со вас, доколку го имате нивниот авнтуристички дух. Но, и ќе дознаете и која е причината поради која го прекинаа нивното патување.

[Средба со племето Хамер патувајќи низ Етиопија]

Зошто не продолживте да патувате како што најавивте на социјалните мрежи?

- Да, тоа беше планот и веднаш штом завршивме со 4 години возење околу целиот свет со мотор, решивме да работиме на нашиот следен проект за патување. Не бевме уморни, туку напротив сакавме да продолжиме да бараме нови предизвици, да стигнеме до оддалечени места, да се соочиме со најекстремните клими на нашата планета и да ги знаеме најразновидните цивилизации. Ние бевме целосно вљубени во нашата планета и сакавме да излеземе и да ги фотографираме .Да ги споделиме со нашите следбеници убавините за да ги охрабриме да се грижат за неа и да уживаат во неа .

[Незаборавен момент за пристигнувањето, по 4 години пат околу свет, во Македонија]

За оваа нова авантура решивме да го паркираме моторот и најдовме старо комбе 4х4, 30 годинишно што го трансформиравме во наш дом, фото студио и занаетчиска работилница меѓу многу други функции. Сè беше совршено, плановите се одвиваа беспрекорно се до еден ден во февруари 2018 година, токму кога сè беше подготвено да започнеме, на Ману му беше дијагностициран рак на бешиката. Следниот ден тој замина во Шпанија и патувањето одеднаш застана, авантурата што треба сега да ја живееме е сосема поинаква од онаа што ја планиравме. За време на минатите месеци, нашата рутина беше сумирана како посети на болницата за рутински прегледи, операции, третмани и контроли.

Точно е дека многу луѓе нè гледаат како суперхероите од авантурите, но вистината е дека сме нормални луѓе и кога дојде оваа вест, бевме во шок.

[Возење низ историскиот и многу познатиот пат Road 66]

Како Ману ја прифати веста дека ќе мора да мирува после 12 години патување?

-Болест како Рак дојде во нашите животи кои веќе не ги контролиравме ние, сега не можеме слободно да го избереме нашиот пат, а особено го погоди веста Ману кога му кажаа дека најмалку една година ќе не може да патува далеку. И по 12 години патување нон-стоп да стави кочница. Тешка е оваа ситуација со која се справуваме. 

Но, ако научивме нешто за време на нашите патувања, тоа беше да научиме да се прилагодуваме, па тоа е она што го направивме. Неколку дена подоцна, одлучивме да престанеме да гледаме што изгубивме со појавувањето на оваа болест и го свртевме нашето внимание на она што го поседуваме. Па, дури и заработивме многу време со појавата на оваа болест , време кое го инвестиравме во разгледување на целиот материјал што го имаме документирано за време на патувањето со мотор, 4 години дневник и до 7 хард дискови полни со фотографии и видеа. Почнавме да пишуваме книга и блог на нашата веб страна www.aroundgaia.com и секојдневно објавувавме некоја убава фотографија на www.instagram.com/aroundgaia. Почнавме да ги читаме нашите забелешки кои ги пишувавме секојдневно за време на патувањето и одеднаш се најдовме со мислите што ги имавме во текот на патувањето и искуства кои ги научивме за да се соочуваме и да ги надминуваме проблемите за време на патувањето со силна мотивација и постојан оптимизам. Го сменивме чипот и се фативме за работа, тоа беше нашата најдобра терапија.

Ги нема долгите патувања, но не престанавте да патувате помеѓу терапиите? 

[Кампување во преубавата пустина во Намибија]

За време на паузите од терапијата на Ману, пропатувавме околу Шпанија и одржувавме мотивациони говори, бевме во Мадрид, Барселона, Малага, Херез ... Ја споделуваме нашата приказна и сега се вративме во Севиља, каде што овој месец Ману ке продолжи со терапијата.

[Уште еден пад од мотор, без повреди, но со лекција како да станеш брзо]

Се надеваме дека се ќе заврши добро. Вие имате план и за потоа? 

[Разговор со Масаи шеф каде бараат дозвола да ја поминат ноќта во нивното село]

-Ако сето ова се одвива добро до крајот на ноември, ќе дојдеме во Македонија да го земеме комбето, кое не чека и со него ќе се вратиме во Шпанија, додека сето ова не се заврши.

[Ивана на Салар Гранде во Аргентина]

Која е твојата порака до читателите на Точка, после сето ова искуство? 

[Around Gaia презентација во Њујорк]

- Правете го она што го сакате во животот, она што ве прави среќни, затоа што животот понекогаш ни поставува изненадувања, некогаш убави некогаш не многу убави.

 Секако, сè ќе биде добро затоа што, како што исто така почнавме да веруваме во нашето патувања, е дека работите се случуваат со причина и од ова ќе искочиме посилни и со многу повеќе енергија да продолжиме да го запознаваме светот.

Затоа правете го она што го сакате во животот, она што ве прави среќни, затоа што животот понекогаш ни поставува изненадувања, некогаш убави некогаш не многу убави.


[Ивана и Ману, една од малкуте заеднички фотографии. На снимање во Мексико]


[Само што го завршиле возењето до Артикот и назад во Аљаска. Ладно и видно извалкани со кал. Уморни од тешките услови на патот, но пресреќни што успеале да го заобиколат светот]


[Наш прв ден патување во Намибија ]


[На пат кон Езерото Натрон во Танзанија]



Спонзорирани линкови

Маркетинг