Солзи на концертот одржан во чест на Тоше Проески: Погледнете дел од синоќешната атмосфера

Точка

03/11/2018

15:03

7.645

Големина на фонт

а а а

Концертот на кој настапија многубројни македонски и странски изведувачи, се промовираа негови нови синглови, гласно се пееја сите негови најголеми хитови, се случи вчеравечер во Вип Арената Борис Трајковски.

Атмосферата тешко е да се долови за сите оние кои не беа во можност да присуствуваат.

Концертот кој беше одржан во чест на Тоше Проески, започна со неговиот можеби најголем хит, Игри Без Граници, односно песната за која не успеа да сними спот, бидејќи загина одејќи на пат токму за тоа.

Арената беше преполна со негови обожаватели, од најмлади до најстари, сите со иста болка и тага за пејачот.

Овој концерт беше под водство на Миланка Рашиќ, а придружуван од бендот на Тоше Проески, Блу Фанки.

Публиката, заедно со изведувачите не престана да ги пее сите негови најголеми хитови.

„Лагала нас мала“ – Огнен Здравковски и Денис Димоски

„Рани на усните“ – Александра Јанева

„Ледена“ - Антониа Гиговска

„Волим осмех твој“ – Антониа Гиговска и Александар Тарабунов

„Во коси да ти спијам“ – групата Фрајле

„Најдрага моја“ – Тамара Тодевска

„Једина“ – Борис Режак

„Твоите бакнежи на моите бели кошули“ – Наум Петрески

„Крајње време“ – Даниел Кајмакоски и Ања Рупел

„The hardest thing“ – Даниел Кајмакоски

„Тајно моја“ – Тијана Дапчевиќ

„Немир“ – Каролина Гочева

„Цреша“ – Борис Новковиќ

„Чија си“ - Александра Радовиќ

На вчерашниот концерт настапи и внукот на Тоше, Кристијан Ристески, кој со многу емоции ја испеа неговата нова песна „We are blood“.

На изненадување на публиката, пред самиот крај настапи и бендот на Тоше, кој сите ги крена на нозе, интерпретирајќи ја песната „Срце није камен“.

Концертот заврши со промоција на видео спот за песната „Secret place“ и со зборовите на Тоше постојано ги изговараше “Ве сакам од срцето и од душата“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг