На роденденската прослава на ова 6 годишно дете не се појавил никој, но подоцна го доби најубавиот подарок!

Точка

23/10/2018

21:37

28.260

Големина на фонт

а а а

Теди Мацини повикал 32 ученици од неговиот клас на прослава за неговиот 6 роденден кој требало да се прослави во една пицерија.

Неговата мајка Сил очекувала десетина негови другарчиња со родителите да се појават на забавата во ресторанот, но не се појавил ниту еден од нив. Сил за каналот ABC 15 Arizona раскажала дека некои родители ѝ се јавиле претходно за да ѝ откажат, но не очекувала дека нема да се појави буквално никој. 

"Завршив со забавите за некое време", рекла таа. Фотографијата од разочараниот Теди новинарите ја споделиле на официјалниот Твитер профил на каналот.

Набрзо Теди добивал роденденски честитки и подароци од луѓе од различни краеви низ САД.

"Луѓето понекогаш се чудни и непромислени. Тоа не значи дека не си супер, само дека луѓето се ужасни. Среќен роденден малечок".

Меѓутоа, најголемиот подарок од сите бил од кошаркарскиот тим Phoenix Suns кој Теди го повикале на натпреварот против LA Lakers.

"Што велиш да прославиме со илјадници луѓе кај нас? Картите се твои, Теди се слушаме наскоро", напишале на Твитер, а сите останале воодушевени со оваа постапка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг