Африкански надбискуп со тешко обвинение за ЕУ: За непосакуваните мигранти Брисел планира концентрациони логори

Точка

23/10/2018

13:25

3.925

Големина на фонт

а а а

Лидерите на ЕУ се обвинети дека планираат да направат "концентрациони логори" за мигрантите како дел од планот да се изборат со овој проблем.

Брисел планира да создаде таканаречени центри за процесирање во безбедни трети земји, но тоа само ќе придонесе за поголемо патење, понижување и насилство над мигрантите кои бараат сигурност во ЕУ, тврди Сантијаго Агрело Мартинез, надбискуп во Танџир, пристаниште во Мароко. 

Според неговите зборови, овие установи всушност ќе бидат логори за мигранти кои немаат никакви права.

"Ако ни се потребни ќе ги земеме, ако не - ќе ги ставиме во логори", вели тој.

ЕУ има неколку привремени центри за мигранти во Африка. Двете шпански енклави Цеута и Мелиља во Африка веќе имаат такви центри. Само оваа година 6.000 мигранти пристигнале во овие две енклави.

Надбискупот Мартинез вели дека мигрантите се принудени да се кријат во шумите околу оградата која ги штити овие две енклави.

Во Цеута постои повремен центар во кој мигрантите престојуваат додека не бидат идентификувани.

Него го контролира шпанското министерство за внатрешни работи, а слична пракса се планира и во ЕУ.

Надбискупот за "EU Observer" рекол дека мигрантите веќе се во тешка ситуација, а сега ги ловат и им се заканува да бидат отфрлени од општеството.

Плановите за центрите прв пат биле претставени во Јуни во Италија, како дел од мерките за борба против мигрантската криза. Според некои информации, ЕУ се откажала од ова решение во корист на поголема контрола на границите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг