Телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата на генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул, изјавил за "Sputinik" лидерот на турската партија "Ватан", Догу Перинчек.
"Дознав од доверливи извори во службите за безбедност на Истанбул дека телото на Кашоги е пронајдено во бунар кој се наоѓа во градина на територијата на резиденцијата на генералниот конзул на Саудиска Арабија" изјавил соговорникот на агенцијата.
Саудискиот новинар и дописник на "Washington Post", Џамал Кашоги, бил убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во тепачка со луѓе кои ги сретнал таму, соопштила претходно Саудиска Арабија на основа на прелиминарните резултати од истрагата.
Кашоги исчезнал на 2. октомври, а последен пат бил виден како влегува во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.