Принцот Хари е вистинска копија на неговиот дедо во младоста

Точка

23/10/2018

12:42

6.459

Големина на фонт

а а а

Ако се прашувате како во младоста изгледал сопругот на кралицата Елизабета Втора, принцот Филип, само погледнете го неговиот внук, принцот Хари.

На свеченоста кога се откривал споменикот „Anzac Memorial“, во Сиднеј, во текот на турнејата на Меган и Хари во Австралија, кралскиот фотограф Крис Џексон, воочил голема сличност помеѓу внукот и дедото. Поради тоа, тој одлучил на својот Инстаграм профил да ја сподели насловната страница од магазинот „Paris Match“ од 1957-ма година, на која е младиот принц Филип, со фотографија од принцот Хари во истата свечена униформа.

„На кого ве потсетува?“, напишал фотографот под фотографијата од насловната страница, а не требало да помине многу време за под фотографијата да почнат да коментираат неговите бројни истомисленици, кои се согласиле дека внукот и дедото изгледаат идентично. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг