Страшна снимка од училиште го згрози светот: Ученик вперил пиштол во наставничка, јавноста шокирана: Спречете го ова

Точка

22/10/2018

21:37

4.363

Големина на фонт

а а а

Видео-снимката на која ученик и се заканува на наставничка со пиштол, за која се воспоставило дека е играчка, ја згорзила француската јавност.

Инцидентот се случил во училиште во југоисточното предградие на Франција, а на снимката јасно се гледа како ученик држи пиштол над нејзината глава, додека друг ученик во позадина кон камерата покажува среден прст. 

Иако наставничката изгледала смирено, и иако станувало збор за играчка, се гледа дека не и е сеедно. Кога видеото се проширило на интернет, јавноста коментирала како се надева дека 16-годишното момче ќе добие соодветна казна.

Целиот случај го прокоментирал и претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој рекол дека инцидентот е "неприфатлив".

Овој случај предизвикал лавина од коментари кои укажуваат на тоа дека професорите секојдневно се соочуваат со насилство во училиштата од страна на ученици и бараат од властите да преземат соодветни мерки за ваквите случаи да се спречат во иднина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг