Нервоза во Реал! Рамос се извинуваше по инцидентот со Регујон

Макфакс

22/10/2018

17:40

3.486

Големина на фонт

а а а

Работите не одат најдобро за Реал Мадрид, тоа е јасно. Тимот на Хулен Лопетеги има пет меча без победа и се седми во Шпанија и нервозата беше јасно видлива на тренингот на тимот, во кој Серхио Рамос реши да му се „пушти“ на фудбалерот од младинскиот тим, Серхио Регујон.

Капитенот на тимот при играње ракомет на тренинг го „зафатил“ носот на Рамос со рамо, по што Рамос реши да реагира неспортски, како што може да се забележи на видеото.

##https://twitter.com/MHChehade/status/1054340828041224193##

Рамос веднаш се извинио на Твитер велејќи дека нема изговор за неговото однесување.

„Иако не е така како што изгледа, и ова се обични ситуации, нема изговор, мојата реакција не смее да биде ваква. Но, секогаш одиме до крај, нели Регуи?“, напиша Рамос.

Регујон веднаш го прифати извинувањето.

„Секогаш со мојот тим и со мојот капитен, за победа утре“, одговори Регујон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг