На социјалните мрежи одвреме-навреме се појавува профил со богати деца од некоја земја. По Русите, Унгарците па дури и богатите деца од Балканот, на ред дојде и буржоазијата од Мексико.
Откако децата на руските олигарси и милијардери покренаа Инстаграм профил наречен "Богатите руски деца", младите Мексиканци отворија ривалска страница наречена "Богатите деца од Мексико".
Страницата засега има околу 67 илјади следбеници, за разлика од рускиот милион, но сепак тие даваат се' од себе за да станат популарни.
Поголемиот дел од фотографиите се објавени со хаштагот #RKOMC (Rich Kids of Mexico City). Во Мексико постои најголемиот јаз помеѓу богатите и сиромашните. Само еден отсто од населението заработува 21 отсто од приходите во земјата, пишува "Daily Mail".
Наспроти тоа, оние кои припаѓаат на оваа моќна група секојдневно уживаат во луксузот. На овој профил не изостануваат фотографиите од луксузните патувања, суперспортските автомобили и прескапите парчиња облека.
Погледнете како изгледа луксузниот живот на богатите деца од Мексико.