Миленко Неделковски: Полиција ми дојде на врата за да ме апси

Макфакс

22/10/2018

17:05

5.069

Големина на фонт

а а а

Новинарот Миленко Неделковски во моментов се наоѓа на разговор во полициската станица во Велес.

Тој на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ пред околу еден час напиша дека на врата му дошла полицијата за да го уапси.

„На врата ми е дојдена полиција да ме уапси. Без некоја посериозна причина. Имаат “покана”, но немаат детали зошто, како, кај кој инспектор, кога…Фашистите од режимот на Зоран Заев се решени да апсат и уништуваат по секоја цена. „Дудинка“ пак, ја маваат до ниво на поракава: “овие стварно се решени да не и дадат на страната да се вклучи” Нека апсат. Македонија е ппголема и од овој момент и од сите нас заедно. Смрт на фашизмот – слобода за народот“, напиша Неделковски.

Основното јавно обвинителство Скопје пред три дена поднесе обвинение против Неделковски поради ширење расистички и ксенофобичен материјал на интернет. Коментарот се однедува на смртоносните пожари што летово ја погодија Грција.

„Да сме на чисто. Ич не ги жалам. Да даде Господ милион пати да им е полошо. Живи гореле на Атика. Не ги жалам. Нив Бог ги пали, не јас. Они моите сонародници не ги жалеле иако не Бог ами британците ги палеле.

Така да, АРНО БОГ ВИ ПРАВИ. Живи ве гори. Сите до еден да изгорите“, гласеше коментарот за кој ОЈО го гони Неделковски.

Обвинителството претходно наведе дека имало увид и во дадените коментари од други лица кон објавениот текст на осомничениот, но притоа оценило дека од кривично-правен аспект постојат основи за постапување само против Неделковски, бидејќи тој врз основа на својот општествен статус и професијата што ја извршува, со објавата ги поттикнал останатите коментари во јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг