Оваа нездрава животна навика е полоша и од пушењето цигари, дијабетесот или срцевите болести

Точка

22/10/2018

17:42

5.346

Големина на фонт

а а а

Досега се сметаше дека вежбањето и физичките активности влијаат на здравјето и долговечноста, но најновото истражување покажува дека тоа е многу побитно отколку што мислиме.

Студијата на д-р Ваел Џабер покажала дека седечкиот начин на живот има полошо влијание врз човековото здравје и од пушењето, дијабетесот или срцевите заболувања. 

"Слабата телесна форма, односно лошите резултати на лентата за трчање или тестовите поврзани со вежбањето носат многу полоши прогнози кога станува збор за смртноста од хипертензијата, дијабетесот или пушењето цигари", вели Џабер за CNN.

"Ваквата состојба може да се перцепира како болест која има свој лек – вежбањето", вели Џабер. Истражувањето било спроведено на 122.007 пациенти кои биле подложени на тестови на лента за трчање, а истото траело од 1991 година па сè до 2014 година.


"Кардиоваскуларните болести и дијабетесот се најскапите болести во САД. Повеќе од 200 милиони долари годишно се трошат на лекување од овие болести и нивните последици. Наместо да плаќаме толкави суми, треба да ги поттикнеме граѓаните да вежбаат", вели тој и додава дека уште еден важен резултат од истражувањето е поврзаноста на фитнесот со долговечноста. Иако експертите долго време стравуваа дека оние кои премногу вежбаат се изложени на поголем ризик од смрт, тоа се покажало како неточно.  

"Не постои ниво на вежбање кое ве изложува на поголем ризик од смрт. Дури и оние кои многу вежбаат имаат помала стапка на морталитет", заклучува истражувањето.

Вежбањето се покажало како добробит за сите генерациски групи, подеднакво и кај мажите и кај жените.



Спонзорирани линкови

Маркетинг