Опел ќе ги почести сопствениците на старите дизел автомобили со бонус од 8 илјади евра!

Точка

22/10/2018

17:18

3.045

Големина на фонт

а а а

Опел се обидува да ја искористи актуелната „хајка“ на дизел автомобилите за да продаде што е можно повеќе од своите нови модели.

Компанијата која што е во сопственост на француската “PSA” групација во Германија на сопствениците на стари дизел автомобили им ја понуди опцијата за „еколошки бонус“ во износ од 8 илјади евра доколку се одлучат да го заменат својот автомобил за нов модел на Опел.

Шансата да го добијат овој еколошки “Opel Environment Bonus” ја имаат сопствениците на постари дизел автомобили кои што припаѓаат на од Еуро 1 до Еуро 4 стандардите за емисија на штетни гасови, со услов да го предадат својот автомобил кој ќе биде уништен.


Бонус можат да добијат и сопствениците на Опел автомобилите со дизел Еуро 5 стандард кои што живеат во густо населените зони како што се Минхен, Штутгарт, Келн, Хамбург и другите поголеми германски градови.

Опел оваа акција не им ја нуди само на приватните сопственици на дизел автомобили, туку и на помалите комерцијални компании во земјата.


Производителот, освен своите нови модели, нуди и широк избор на слабо користени автомобили на Опел од залихите на компанијата, вклучувајќи ги и демонстративните и тест возилата со дополнителна гаранција од две години.

Слични акции претходно на сопствениците на старите дизел автомобили им беа понудени од страна на Фолксваген, Ауди, Сеат, Порше, Рено и Мерцедес со цел да ги мотивираат купувачите да преминат на автомобили со Еуро 6 стандард.



Спонзорирани линкови

Маркетинг