Немања Видиќ открива: Со Дрогба беше најтешко...

Точка

22/10/2018

16:03

2.635

Големина на фонт

а а а

Немања Видиќ и Дидие Дрогба водеа жестоки битки во Премиер лигата, а српскиот стопер откри дека најтешко му било да се избори со напаѓачот на Челси.

Иако многумина сметаа дека на Видиќ најтешко му било против Фернандо Торес додека настапуваше во Ливерпул, сепак Видиќ вели дека тоа е Дидиер Дрогба.

„Многу потешко беше со Дрогба, со него се тепав 90 минути. Физички е надмоќен, а кога е техниката во прашање, Суарез и Агуеро се најдобрите играчи против кои што сум играл“, изјави Немања Видиќ.

Српскиот стопер во дресот на Јунајтед за осум години освои пет шампионски титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите. Со фудбалот се збогуваше во 2016-та година, а претходно го носеше дресот и на Интер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг