Фудбалерите на Барселона во среда го пречекуваат милански Интер во третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Барселона и Интер имаат по две победи на првите два натпревари од новата сезона во Лигата на шампионите и го делат првото место во групата со по шест максимални бодови.
Во пресрет на нивниот дуел, Каталонците се сетија на головите на Мауро Икарди за Барселона додека бил член на Ла Масија. Младиот Аргентинец во Барселона пристигна во 2008-ма година и беше член на Ла Масија до 2011-та година, по што замина во Сампдорија.
Икарди од 2013-та година е фудбалер на Интер и од тогаш досега за „Нераѕурите“ има постигнато 104 погодоци, а покрај тоа е и капитен на екипата на Спалети.