Хамилтон изненаден од стратегијата

КРУГ.МК

22/10/2018

17:10

2.020

Големина на фонт

а а а

Луис Хамилтон призна дека Мерцедес си го отажнале животот откако направија стратегија со две застанувања во бокс по промена на гуми на трката во Америка. Тој стартуваше од пол позицијата во Америка, го загуби водството на стартот, но сепак беше на дофат до својата титула што овој пат не му успеа.

На самиот старт беше престасан од Кими Раиконен од Ферари и не успеваше да стигне до него за по 11 кругови да влезе во боксот и да ги промени гумите. Тоа се случи за време на Виртуелното безбедносно возило за кое Мерцедес сметаше дека ќе им донесе “бесплатно“ менување на гуми.

Сепак, Мерцедес не издржа со истите гуми да вози следните 45 кругови, задните пневматици попуштија, по што тој мораше по нов сет во 37от круг и на крај се задоволи со трето место.

„Природно е да мислам дека можев подобро, но дадов се од себе. Мислев дека сум во бокс времето, но бев многу блиску. Направив замена и излегов со 12 секунди што е многу далеку. Не сум сигурен дали требаше така да биде, но тешко е да се каже бидејќи имате само одреден број на кругови со нови гуми, но кога имате толкава разлика веќе немате ништо. Навистина сум среќен, Ферари се вратија во игра и сега одиме на наредната трка“, објасни Хамилтон.

Тој заклучи дека раната промена на гуми им го направил животот потежок и морал да биде на различна стратегија.

„Тоа беше изненадување, но не може секогаш да сте во право. Кога влегов во 11от круг знаев дека ќе имам две застанувања и тоа беше тешко за нас“.

Возачот на Мерцедес му честиташе на Раиконен за првата победа од 2013 година. Хамилтон заврши на 2.3 секунди зад финецот во одлична трка до самиот крај.

„Честитки до Кими, заврши одлична работа без грешка. Верстапен беше одличен до крај со малку подобри гуми од нас на крајот, но добро беше што се боревме до крај“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг