Момчето на кое му е одземено детството: На 11 години бил осуден за убиство на бремената маќеа, а потоа била откриена вистината

Точка

22/10/2018

14:42

3.853

Големина на фонт

а а а

Џордан Браун имал само 11 години кога бил уапсен и обвинет како возрасна личност за убиството на идната маќеа, која била бремена. Денес има 21 година и по 7 години минати во затвор, е завртен кон иднината, бидејќи пресудата била поништена ова летo.

"Не сум лут. Се што се случи и како се случи е бесмислено, но единственото нешто што сега ми е важно е дека сум невин и дека луѓето тоа го знаат", изјавил Џордан Браун во ексклузивното интервју. 

Било 2009. година кога како 11-годишник бил обвинет дека ја убил 26-годишната Кензи Хоук, додека спиела во нивната куќа во Вомпам, во Пенсилванија. Била во деветиот месец од бременоста и требало да се омажи со неговиот татко, Крис Браун.

Полицијата тогаш тврдела дека младиот Браун влегол во нејзината соба, пукал во неа од ловечка пушка, а потоа влегол во училишниот автобус.

Џордан Браун го демантирал злосторството и рекол дека се подготвувал за училиште и дека тоа било сосема обично утро.

Следниот ден во три часот наутро таткото и синот биле разбудени од полицијата, која имала налог за апсење на 11-годишниот Џордан.

"Ме ставија во возилото и ме однесоа во полиција, а од таму директно во окружниот затвор", рекол Браун. Кога бил обвинет за убиството на идната маќеа и нејзиното неродено бебе, му направиле полициска фотографија. Плачел додека го фотографирале.

"Ништо не разбрав. Не знаев каде сум, ни што се случува", вели тој.

Во куќата на Браун полицијата пронашла пушки, пиштоли и муниција, но тоа не е необично во Пенсилванија, каде децата од мали нозе се учат да пукаат.

Таму била најдена и пушката на Џордан, која ја добил од својот татко за Божиќ. Често оделе заедно на лов. Инспекторите на основа на мирисот заклучиле дека од неа било пукано неодамна, а пред се, верувале во тврдењата на полусестрата на Џордан, 7-годишната Денис, која рекла дека слушнала истрел додека го чекала Џордан заедно да одат во училиште.

Додека го чекал судењето, минал три години во затвор за возрасни во округот Ири. Таткото секој ден минувал речиси 400 километри со автомобил за да го посети.

"Не знам што ќе правев да не го правеше тоа, тоа ми го зачува разумот", вели Џордан.

Повеќе од две години откако бил обвинет, случајот бил пренесен на суд за малолетници. Осум месеци подоцна било одржано судење на кое бил прогласен за виновен. Така дошол во Затворот за малолетници во Гроув Сити, во Пенсилванија.

Во 2016. година, кога наполнил 18 години, бил пуштен да се брани од слобода.

Во јули 2018. година, Врховниот суд во Пенсилванија оценил дека не постојат докази дека Џордан Браун е виновен, и дека со самото тоа нема основа за кривично гонење.

"Го одземавте детството на 11-годишно момче. Го извалкавте неговото име. Кога на "Google" ќе напишете Џордан Браун, ќе најдете негова полициска фотографија", изјавил таткото Крис Браун.

Вистинскиот убиец и натаму не е пронајден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг