Конор Мекгрегор се покажа дека е тврд орев и дека е еден од најдобрите ММА борци што воопшто некогаш се борел. Иако со последната пресметка загуби од Кабиб Нурмагомедов во борбата која на крај се претвори во целосен хаос, сепак мислењата беа поделени.
Сега на ред дојде оправување на имиџот на лошо момче, кое Ирецот, во последно време почесто се идентификува со такво однесување.Бостон, кој е познат како град на ,,келтите”, беше домаќин на промоцијата на вискито на Конор.
Мекгрегор ги посети пожарникарите и им поклонил од неговото виски и плус влезници за бејзбол тимот на Бостон Ред Сокс. Тој им се заблагодарил за топлиот пречек од страна на пожарникарите и потенцирал дека од неговото виски процент ќе оди и во хуманитарни цели.