Ќе платат за тепачката во „Стејплс Центарот“: Познати се казните за ѕвездите на Лејкерс и Хјустон!

Дерби

22/10/2018

12:13

967

Големина на фонт

а а а

Официјалното деби на Леброн Џејмс во дресот на Лос Анџелес Лејкерс пред домашната публика во „Стејплс Центарот“ беше засенето со тепачката во која учествуваа три големи ѕвезди Ражон Рондо, Брендон Инграм од една страна и Крис Пол од таборот на Хјустон Рокетс.

Искусните плејмејкери влегоа во клинч во финишот на последната четвртина, си разменија неколку удари, а тука свое учество неочекувано зема и Инграм кој во целата таа мешаница замавма кон Пол. По ова сосема беше јасно дека сите тројца ќе добијат казни, казни кои НБА лигата веќе ги изрече по прегледуавњето на сите снимки и докази.

Најлошо мина младиот Инграм кој ќе биде на ладење четири натпревари, Рондо кој плукна и удри кон Пол ќе мирува три средби, а пак ѕвездата на Хјустон ќе ги пропушти следните два меча.

Ова значи дека Инграм ќе ги скокне дуелите со Сан Антонио (2) Феникс и Денвер, Рондо пак ќе се врати за втората средба со Спарс закажана за 28 октомври, додека Пол ќе одмори против ЛА Клиперс и Јута.



Спонзорирани линкови

Маркетинг