Милошоски: Мицкоски ја заслужи мојата поддршка, покажа дека му е поважна вољата на членството

Макфакс

22/10/2018

12:03

2.641

Големина на фонт

а а а

Драматичните случувања во Собранието и нелегалниот чин против Уставот, барем дадоа појасна слика за тоа кој се залага да се испочитува вољата на народот од кој сме избрани, а на кого му се побитни заткулисните договори, на Фејсбук напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сепак покажа дека му е побитна демократската доверба која гласачите им ја дале на пратениците, и вољата на членството и симпатизерите. Со тој став ја заслужи мојата поддршката и како пратеник, и како член на ВМРО-ДПМНЕ од 1992 година. Консолидацијата и единството во ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на програмските определби, се потребни и полезни за демократијата во Република Македонија“ се додава во написот на Милошоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг