Знаци кои покажуваат дека имате проблеми со срцето!

Точка

22/10/2018

10:53

12.212

Големина на фонт

а а а

Мажите и жените се подеднакво изложени на срцеви болести, но причините можат да бидат различни. Кај некои болеста е предизвикана од животниот начин на живот, додека кај некои е генетски наследена.

Порталот „Bright Side“ пишува за некои симптоми, на кои е важно да обрнете внимание.

1. Болка која се шири до рамената

Повеќето мажи чувствуваат болка во левата рака, додека кај жените болката се шири на двете раце. Некои жени исто така тврдат дека почувствувале силна болка во лактот пред да доживеат срцев удар. Ова се случува бидејќи болката се движи од срцето кон 'рбетниот мозок, со кој се поврзани многу нерви, а тоа го збунува мозокот, кој на крајот заклучува дека болката произлегува од некој дел од раката, иако тоа не е случај.


2. Непрестајно кашлање

Иако кашлањето може да биде предизвикано и од други проблеми, тоа исто така може да биде знак и за кардиоваскуларни болести. Ако континуираното кашлање предизвикува секреција од розова течност, која содржи крв, често се поврзува со срцеви болести.


3. Недостаток на апетит и мачнини

Многу пациенти кои страдаат од срцеви болести, често покажуваат недостаток на апетит и се жалат на мачнини, иако многу малку јаделе. Ако овие симптоми се пропратени со болка во абдоменот, се препорачува посета на лекар.


4. Зголемено ниво на анксиозност

Неколку истражувања покажале дека луѓето кои претходно пателе од анксиозност се склони кон срцеви болести. Анксиозноста може да биде предизвикана од стресниот начин на живот. Некои ефекти кои анксиозноста може да ги предизвика на вашето срце се такихардија, зголемен крвен притисок и намалено отчукување на срцето.


5. Губење свест

Многумина кои страдаат од проблеми со срцето, често губат свест или се чувствуваат слабо. Ако срцето не ја пумпа крвта нормално, тоа обично значи дека имате запушени артерии. Ако некогаш имате недостаток на воздух или се онесвестувате на кратко време, посетете лекар и проверете го работењето на срцето.


6. Бледило или синкаста кожа

Ова не спаѓа во најчести симптоми, но доколку се појави, тоа значи намалување на протокот на крв и недостаток на бројот на крвни зрнца. Меѓутоа, ако забележите дека сте побледи од обично, никако немојте да паничите. Направете крвна слика и со самото тоа ќе видите дали сте анемични. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг