Саудиски министер: Убиството на Кашоги е огромна грешка

Макфакс

22/10/2018

10:06

1.230

Големина на фонт

а а а

Саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во неовластена операција, објави Би-Би-Си.

Во интервју за „Фокс њуз“, шефот на саудиската дипломатија нагласил дека смртта на новинарот била огромна грешка и ги отфрлил наводите дека моќниот саудиски принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на Кашоги.

Во неговата изјава, Ал-Џубеир, инцидентот го нарекол убиство. Тој исто така истакнал дека Саудиска Арабија незнае каде се наоѓа телото на Кашоги.

„Одлучни сме да ги дознаеме сите факти. Одлучни сме и да ги казниме одговорните за убиството. Поединци кои го сториле убиството, ги надминале нивните овластувања. Очигледно дошло до огромна грешка, а грешката го искомплицирала инцидентот со обидот да се сокрие“ рекол ал-Џубеир.

Саудиска Арабија беше под притисок да објасни што се случило, со оглед дека претходно тврдеше дека Кашоги е жив. Тој последен пат бил виден на 2 октомври, кога влегувал во саудискиот конзулат во Истанбул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг