Проблеми со кочењето биле пријавени половина час пред возот да излета во Тајван, ова е најголемата железничка несреќа после 27 години

Точка

22/10/2018

09:08

3.442

Големина на фонт

а а а

Проблеми со системот за кочење биле пријавени половина час пред излетувањето на возот во Тајван во кој загинаа најмалку 18 лица, изјавуваат овластените лица од железничката станица.

Брзиот воз Пујума Експрес, кој пренесувал 366 патници во крајбрежниот град Таитунг, излетал од шините синоќа во источниот град Суаоу во округот Јилан. Во несреќата се повредени 187 лица. 


Машиновозачот го контактирал Централниот оперативен центар неколку пати барајќи техничка помош поради проблемите со системот за кочење, рекол Лај Суеи Чин, техничкиот директор на Управата за Тајванските железници.

Најтешка железничка несреќа во последните 27 години

Таа несреќа, која претседателката на Тајван, Цаи Инг Вен ја опиша како голема трагедија е најтешката железничка несреќа во Тајван од 1991 година кога 30 патници загинаа и 112 биле повредени во сударот на два воза во градот Миаоли.


Претседателката денес го посети местото на несреќата.

"Ќе ги откриеме причините за несреќата што е можно побрзо", рекла Цаи. Таа исто така ги посетила повредените патници во болница и се сретнала со семејствата на загинатите и повредените.




Спонзорирани линкови

Маркетинг