Тензично на релација Анкара - Ријад: Турците го бараат телото на новинарот, а Саудијците им велат дека тоа се случило на нивна територија!

Точка

21/10/2018

10:09

4.475

Големина на фонт

а а а

Саудискиот министер за правда изјави дека целиот инцидент со новинарот Џамал Кашоги, кој што беше убиен во конзулатот на Саудијците во Истанбул, се случил на суверена територија на Саудиска Арабија.

Тој јасно им порача на своите турски колеги дека со случајот ќе се занимаваат саудиските судови кои што ќе стават крај на сите процедури.

Саудиските власти пред неколку дена признаа дека новинарот Џамал Кашоги бил убиен откако настанала тепачка во нивниот конзулат во Истанбул, со што властите од Ријад за прв пат признаа дека новинарот не е жив откако две седмици негираа дека се вмешани во неговото мистериозно исчезнување.

„Истрагата се уште е во тек, а досега се уапсени 18 Саудијци“, стои во соопштението на саудискиот обвинител од каде што се додава дека советникот на Кралскиот суд на Саудиска Арабија, Сауд Ел Катани и заменик директорот на разузнавачката служба Ахмед Асири се сменети.


Истовремено, турските истражители настојуваат да утврдат што се случило со телото на убиениот новинар, инаку истакнат критичар на саудиските власти.

Саудиската верзија се разликува од верзијата на турските власти која што изгледа далеку пологична. Според Турците, властите од Ријад во конзулатот го испратиле „одредот на смртта“ да го убие Кашоги.

Турските власти тврдат дека Кашоги бил убиен во зградата на конзулатот, а неговото тело било исечено на парчиња и изнесено од зградата. За разлика од Саудијците кои што две седмици негираа дека се вмешани со исчезнувањето на Кашоги, Турците објавија снимка на која се гледа како Кашоги влегува во конзулатот, а потоа не е забележано негово излегување.


Покрај тоа, турските власти открија дека 15 Саудијци на 2-ри октомври, односно непосредно после убиството на Кашоги, експресно ја напуштиле Турција преку аеродромот „Ататурк“ во Истанбул од каде што се упатиле кон Саудиска Арабија.

За целата ситуација да биде уште поконтроверзна, турските медиуми пред неколку дена пренесоа дека еден од припадниците на тимот составен од 15 Саудијци за кои што се тврдат дека стојат зад ликвидацијата на новинарот, Мешал Саад Ал-Бостани, неодамна загинал во сомнителна сообраќајна несреќа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг