Уредникот на "Washington Post": Дали би работеле за убиец?

Точка

20/10/2018

15:54

4.254

Големина на фонт

а а а

"Дали би работеле за убиец?", е прашањето кое се повеќе Американци ќе мора да си го постават, смета Фред Хиат, колумнист и уредник на "The Washington Post".

Во продолжение ви принесуваме делови од неговата колумна. 

"Секоја година Саудиска Арабија вработува цела чета пензионирани американски генерали, дипломати и други конзулатни и слични функции. Досега тоа било многу едноставна ситуација - за пензионирани генерали тоа било многу исплатливо, а за Саудиска Арабија било одличен начин за создавање на заеднички јазик со важните сојузници - САД.

Но, сега се појавуваат се повеќе и повеќе докази кои имплицираат дека де факто владетелот на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман, бил вмешан во убиството на новинарот Џамал Кашоги на дипломатскиот терен на Саудиска Арабија во Истанбул.

Па како сега, да речеме, пензиониран воздухопловен полковник да ја објасни својата работа на ќерката кога ќе го праша: "Тато, зошто работиш за убијци?".

Како да се одговори?

"Можеби ќе и каже дека тоа помага да се соберат пари за нејзиното факултетско образование или дека му е добро да работи поради различните поволности кои доаѓаат со работата, како спиење во луксузни хотели во Лондон или Абу Даби. Или само ќе и каже - ако јас не ја работам, ќе ја работи некој друг".

Во принцип, истото го одговорил и претседателот Трамп. Се согласил дека Саудиска Арабија можеби направила ужасно злосторство, но нагласил дека "тие трошат околу 110 милијарди долари на воена опрема, и ако не им ја продаваме таа опрема, ќе ни кажат "благодариме, пријатно". Ќе купиме од Русите. Можеби е тоа јасно за еден бескрупулозен бизнисмен, но за патриот - никако.

Ако Америка е подготвена да го жртвува своето достоинство за 110 милијарди долари кои можеби и никогаш нема да ги добијат, дали треба некој на неа да гледа како на лидер на слободниот свет? Еден полковник го сфаќа тоа што Трамп не го разбира - нема плата ниту воен договор кој може да ја недомести загубата на светското почитување.

Низа прашања


"Можеби на својата ќерка ќе и објасни дека Саудиска Арабија е важен сојузник во борбата против Иран, кој не им дава слобода на говор на луѓето, слобода на вера, па дури ни слобода на облекување. А кога ќерката ќе го праша - А Саудиска Арабија го дозволува тоа?", што ќе и каже нејзиниот татко?

Ќе замолчи, можеби ќе се замисли над големината на тоа што се случило во Истанбул. За неверојатно бесрамното злосторство во ова време во кое Америка се откажува од својата положба како лидер на слободниот свет. Ќе помисли на Кашоги, мирен, страствен човек кој отишол во егзил од сопствената земја за да може слободно да пишува за неа и да влијае на неа да се модернизира, како што и самиот кажал: "Сакам да знаете дека Саудиска Арабија не беше секогаш ваква како денес. Ние Саудијците заслужуваме повеќе".

Полковникот тогаш ќе одмавне со глава и ќе помисли: "Па како можеме ние воопшто да работиме за ваков режим и секое утро без срам да се погледнеме во огледало".

Тоа прашање, мораме и сите ние Американци да си го поставиме. Дури и ако и натаму ни е потребна нафтата од Саудиска Арабија, а не ние потребна, дури и ако тие се наш силен сојузник во регионот на кој можеме да се потпреме, а не се. Што е тоа што ни го нудат - се прашува Хиат во статијата за "Washington post".




Спонзорирани линкови

Маркетинг