Вајгл: Пратениците кои гласаа „за“ ги заштитија интересите на граѓаните

Макфакс

20/10/2018

15:49

1.111

Големина на фонт

а а а

Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, го поздрави гласањето во македонското Собрание за уставните измени.

„Несомнено патот на членовите на Собранието беше драматичен, но со одлуката пратениците ги заштитија виталните интересите на граѓаните на Македонија“, истакна Вајгл.

Посебно признание, како што рече, оди за претставниците од опозицијата кои преземале одговорност и кои, покрај притисоците и заканите на нивната партија, ја поддржале европската иднина на својата земја.

„Во следните недели и месеци ќе биде важно полиитчките лидери во Македонија одлучно да тргнат по патот на помирувањето, a интересите на партиите да и се подредат на заедничката цел, а тоа е членство во евроатлантските сојузи“, заклучи Вајгл.



Спонзорирани линкови

Маркетинг