Потрагата продолжува: На местото на падот на рускиот L-39 пронајдени делови од авионот и тела

Точка

20/10/2018

15:43

3.016

Големина на фонт

а а а

На местото на кое во четвртокот се урнал авионот L-39 во Азовското море, во рускиот јужен регион Краснодар, пронајдени биле делови од тела.

"Пронајдени се два дела од тела. Потрагата по пилотите продолжува. Од водата се извлечени околу 50 делови од авионот" рекол истиот неименуван извор. 

Двајца пилоти во четвртокот, кога авионот почнал да паѓа, се катапултирале, по што по него започнала потрага.

Авионот паднал во Азовското море кај брегот на Краснодар и потонал, рекол неименуван извор.

##https://twitter.com/breakingavnews/status/1052998879220785152##

"Потрагата по двајцата пилоти продолжува, под море и на копно. Знаеме дека авионот е потонат, а уште не е јасно дали пилотите се преживеани, навел тогаш истиот извор.

Авионот се урнал во текот на тренажниот лет, а најверојатната причина за падот е технички дефект.

Леталото од типот "aero L-39 albatros", е дизајнирано во некогашна Чехословачка. Првиот лет го имало во 1968. години, додека во 1972. година била избрана за школски авион на земјите членки на Варшавскиот пакт, а и натаму е главен авион за обука.




Спонзорирани линкови

Маркетинг