Серена Вилијамс покажа како изгледа да се биде родител, сите мајки се поистоветуваа со неа

Точка

20/10/2018

17:02

6.162

Големина на фонт

а а а

Славната тенисерка Серена Вилијамс мора дневната соба да ѝ ја препушти на едногодишната ќерка Олимпија. Нејзините играчки го заземале речиси целиот простор, а тоа е проблем со кој се среќаваат сите родители.

"Понекогаш морам да ги подигнам рацете. Оваа мајка имаше дневна соба. Сега има соба за играње. Кога се случи тоа", напиша 37 годишната тениска легенда под фотографијата на која позира во собата натрупана со играчки. 

Серена очигледно се предаде и се откажа од идејата дека дневната соба мора да биде уредна и наменета за возрасните. Нејзините фанови се поистоветуваа со неа.

"Ти барем можеш да се движиш во дневната соба, јас не можам ниту тоа", напишала една мајка додека друга признала: "Стаклената маса ја отстранивме пред четири години. Еден ден ќе се врати".


"Поради детските играчки собата изгледа убаво", "Имам четири деца и мислам дека ова го правам два до три пати дневно", "Целата моја куќа изгледа така. Никој нема време за тоа", "Уживај во секоја минута, ќе пораснат пред да го сфатиш тоа", беа дел од коментарите.





Спонзорирани линкови

Маркетинг