Кога тие ќе посакаат секс, ништо не може да ги спречи во тоа - па дури ниту камерата

Точка

20/10/2018

14:04

8.917

Големина на фонт

а а а

Урнебесниот момент кога пар мајмуни одлучиле да имаат секс токму во скутот на една девојка бил забележан на камера.

Имено, женка од видот долгоопашест макаки мајмун скокнала во скутот на една туристка на Бали, а нејзините пријатели веднаш ги земале телефоните во раце за да ја снимаат. Меѓутоа, на женката веднаш ѝ се придружил и еден мажјак кој без срам ѝ скокнал на мајмунката и почнал да се пари со неа. 

Туристката не знаела што да прави и останала да седи во истата положба, шокирана од она што го гледала пред себе.


За среќа, на помош ѝ пришол туристичкиот водич кој успеал со малку храна да му го одвлече вниманието на мажјакот, кој ја напуштил женката и отишол да јаде.

Нејзините пријатели умирале од смеење, а снимката секако ја поставиле на социјалните мрежи каде набрзо станала вирална.



Спонзорирани линкови

Маркетинг