Три грешки поради кои љубовта не доаѓа во вашиот живот

Точка

20/10/2018

13:32

3.912

Големина на фонт

а а а

Зошто не можете да продолжите понатаму? Зошто љубовта никогаш не тропа на вашата врата? Дали ви изгледа како да се вртите во круг од кој нема излез, или дека никогаш нема да се појави оној вистинскиот? Мислите дека Бог за сите створил некој, освен за вас?

Ако низ глава неретко ви поминуваат овие или слични недоумици, можно е едноставно да сте „заглавени“. Заглавени поради несвесните грешки кои упорно и секојдневно ги повторувате и кои ги блокираат добрите емоции и новите романси. Заглавени поради навиките кои ја саботираат енергијата на љубовта.

Дали сте се „фатиле“ ссебеси како ги повторувате некои од следниве три форми? Ако одговорот е потврден, јасно е – љубовта ве заобиколува токму поради тоа.

1. Сè уште живеете во минатото

Ако и понатаму на било кој начин сте поврзани со поранешниот партнер, дали тоа е само поради распрашување за него или прегледување на неговиот профил на социјалните мрежи, најверојатно не ни дошол моментот за да продолжите понатаму. Обидете се да се соберете, дајте си уште време, не брзајте во нов однос и добро размислете што не функционирало во претходниот однос. Што сте научиле од него, кои се вашите нови желби? Додека не ги избришете трагите од минатото, за светла иднина нема место.


2. Себеси се обвинувате за неуспешните врски

Секој има сопствен пат кога е во прашање опоравувањето од раскинувањето – многумина го обвинуваат партнерот, но исто така многу голем број на луѓе се обвинуваат себеси за тоа што е ставено крај на врската. Токму тие луѓе долго патат и им остануваат потешки последици. Ако на себеси гледате како проблем, тешко дека во вашиот живот може да влезе партнер, со кој може да имате здрав и пријатен однос. Исчистете се себеси и својата енергија од вина, став, префрлувања, ограничувања и добрите момци ќе влезат во вашиот живот.


3. Имате тенденција премногу да размислувате и анализирате

Звучи лудо, но претераното впуштање во деталите и анализа на секој однос и секое момче кое ќе влезе во вашиот живот, може да предизвика обратен ефект. Не барајте замерки и недостатоци, дајте му шанса на некој додворувач, дури и ако не изгледа дека е идеален, или ако мислите дека нема да имате време за него. Заборавете на сопствените правила и препуштете му се на животот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг